Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Два американски бомбардера Б52 денеска попладне ќе го прелетаат Скопје, соопшти македонското Министерство за одбрана.
Според најавата, два воени авиона Б52 на американското воено воздухопловство во Европа и Африка во 14:35 часот ќе го надлетаат Скопје. Летовите на тие авиони, се посочува, демонстрираат силен сојуз во НАТО и претставуваат гарант за целата евроатлантска област, вклучително и за Северна Македонија.
За да се покаже посветеност и безбедносна гаранција кон балканските сојузници и партнерите во НАТО, денеска освен над Македонија, авионите ќе летаат и над Хрватска, Црна Гора и Албанија.