Во експлозија на бомба подметната на автомобил загина ќерката на Александар Дугин (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дарија Дугина, ќерка на познатиот руски филозоф и еден од највлијателните идеолози на Кремљ, Александар Дугин, требала да патува во ист џип како и нејзиниот татко, меѓутоа во последен момент тој се предомислува и оди со друго возило. Експлозијата се случува во 21.30 по локално време во која џипот и Дарија се разнесени на парчиња.

Александар Дугин на местото на несреќата

Иако и самата Дарија е новинар и политиколог, процената е дека експлозивот бил наменет за нејзиниот татко, бидејќи и возилото, Тојота Ленд Крузер било негово.

„Ова беше колата на татко и. Дарија вози друга кола ама дента го земала џипот, додека татко и тргнал по друг пат. Колку што јас разбирам, Александар или двајцата заедно биле мета,“ изјавил пријателот на Дугина и прв човек на движењето Руски хоризонт, Андреј Краснов.

Рускиот медиум 112 тврди дека Дугин и ќерка му биле на настан во близина на Москва, каде што се случила експлозијата, и требало заедно да се враќаат назад но во последен момент решиле одделно да патуваат.

Таткото, Александар Дугин е еден од главните идеолози на Кремљ и еден од највлијателните филозофи врз руската политика, кој има директен контакт со Кремљ заради што го носи и прекарот „Распутинот на Путин“. Години пред да почне војната во Украина, тој се залагаше за освојување на сите територии со руско население во земјата.