ДИК ги објави првичните резултати од изборите во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според првичните резултати на Државната изборна комисија од вчера одржаните избори за членови на Советот на Општина Тетово, најмногу, 12 мандати ќе има Движењето Беса на актуелниот градоначалник Биљал Касами. Потоа следува ДУИ со 11 мандати, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе има 4 советници, а СДСМ – 2. Во општинскиот Совет влегуваат и Алтернатива и ДПА со по еден советник.

Според преброените гласови најмногу гласови има освоено БЕСА, 9.620 гласа, по што следуваат ДУИ со освоени 8.702 гласа, ВМРО-ДПМНЕ со освоени 3.332 гласа, СДСМ со освоени 1.953 гласа. Уште две партии на Албанците влегуваат во Советот – Алтернатива со 1.118 гласа и ДПА со 1058 гласа.

Другите партии и граѓански иницијативи кои учествуваа на изборите нема да имаат советници во Општината.

На гласањето за Советот на Тетово излезноста била 35,31 отсто и имало 651 неважечко ливче.

Рокот за поднесување приговори изминува утре во 19 часот, додека рокот за сумирање и објавување на резултатите е до вторник до 1 часот по полноќ