Драма на небото: Патник сакал да ја отвори вратата викајќи „се гледаме во рајот“, авионот принудно слетал во Загреб


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Низ вистинска драма поминале патниците на британската ТУИ на летот од Пафос за Манчестер, кој во понеделникот на 15 август околу 17 часот требало да тргне кон Манчестер.

Прво, авионот полетал со 6 часа доцнење поради работното време на екипажот од Кипар. Авионот бил Смартлинкс од типот А321, а поради проблематичен патник, екипажот решил принудно да слета на аеродромот во Загреб, јавува хрватската авијација.
Патниците изјавиле дека среде летот, патникот конзумирал бел прав, според многу извештаи тоа е кокаин и се молел меѓу столовите на подот во кабината. Пред да се упати кон излезот за итни случаи, тој им викнал „се гледаме во рајот“ на патниците, а потоа се обидел да ја отвори вратата на авионот.

Неколку патници успеале да го совладаат мажот соборувајќи го на подот и со тоа го спречиле неговиот неразумен обид.