Киднапирано дете во ГТЦ, познати деталите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна скопјанка осомничена за кривично дело – Грабнување според член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 16 август, во сутеренскиот дел на Градскиот трговски центар – Скопје, осомничената извршила грабнување на малолетно лице – новороденче старо само седум дена. На родителите на бебето осомничената им се понудила да им помогне да стигнат до Поликлиниката Бит Пазар.

Во Градскиот трговски центар тие ја замолиле осомничената да го причува бебето додека да купат за јадење, по што таа се оддалечила со него. Со такси тргнала кон Ѓорче Петров, а потоа и кон нејзиниот дом, каде полициски службеници успеале да ја пронајдат и лишат од слобода.

Со ваквите дејствија осомничената ги спречила родителите да бидат со своето новороденче повеќе од четири часа, а предизвикала и опасност за загрозување на здравјето на бебето.