Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе прават тридневна свадба


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот холивудски пар Џенифер Лопез и Бен Афлек пред еден месец се венча на интимна церемонија во Лас Вегас. Сега одлучиле да направат вистинска свадбена веселба.

Тие викендов треба да направат тридневна веселба. Планот е пробната вечера да биде организирана во петок, главната церемонија во сабота, додека во недела ќе одат на пикник, пишува „Дејли мејл“.

Откако се појави оваа вест, нивните фанови едвај чекаат да видат како ќе изгледа венчавката на Афлек и Џеј Ло.

Се очекува Џенифер да носи фустан од Ралф Лорен, кој е специјално изработен во Италија. Настанот беше детално испланиран од Колин Кауви, кој е познат како еден од најдобрите во бизнисот. Неговиот хонорар се движи од 25.000 до 25 милиони долари, а тој во минатото продуцирал настани за Опра Винфри, Мајкл Џордан и многу други, пишуваат странските медиуми.

TMZ минатиот месец објави дека настанот ќе се одржи на имотот на Афлек во Џорџија, а целиот настан наводно ќе биде покриен од магазинот „Вог“.