Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Западните санкции сериозно ја потресоа руската автомобилска индустрија, но тие особено се одразија на трговијата со скапи автомобили.Во јули се продадени 84% помалку луксузни возила отколку во истиот месец од 2021 година.
Како што објавија еминентни медиуми, во Русија во јули 2022 година се продадени само 16 луксузни автомобили, што претставува пад од 84% на годишно ниво, ако се земе предвид дека во истиот месец минатата година биле испорачани 103 такви возила.
Истиот извор наведува дека веќе трет месец по ред на рускиот пазар месечно се продаваат помалку од 20 скапи автомобили.
Во јули, богатите Руси купија по 5 автомобили Ферари, 3 Бентли и Ролс Ројс, 2 Аурус (руска марка на луксузни автомобили), додека беа испорачани по еден Астон Мартин, Ламборџини и Масерати.
Во периодот јануари-јули 2022 година, во Русија се продадени 256 нови луксузни возила, за половина помалку од минатата година, кога во истиот период беа испорачани 511 вакви автомобили.