Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На 13.08.2022 во 18.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Медицински центар Куманово со повреда во нога од огнено оружје бил донесен М.М.(40) од с.Липково, кумановско.
Според негово кажување, повредата со пиштол му ја нанел неговиот роднина и сосед Р.М.(58) од с.Липково, околу 17.30 часот во неговата викенд куќа во близина на с.Липково, со кого имале нерасчистени имотно-правни односи. За случајот е известен Јавен обвинител, а по издадена судска наредба од Основен суд Куманово бил извршен претрес во дом и други простории на Р.М., каде биле пронајдени пиштол „ЦЗ“ со рамка и два куршума и пиштол „Пиетро Берета“ и празна рамка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.