Хаос во Шпанија: Се урна бина на голем фестивал, има загинати и повредени (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Едно лице загина, а десетици се повредени откако силните ветришта предизвикаа уривање на дел од бината на фестивалот за танцова музика во близина на шпанскиот град Валенсија во раните утрински часови.

Итните служби кажаа дека тројца е хоспитализираните се здобиле со сериозни повреди.

Фестивалот, на кој до понеделникот се очекувало да се соберат околу 320.000 посетители, започнал во петокот со електронската музичка програма, засега е прекинат.

„Во состојба сме на шок бидејќи бевме оддалечени од 30 метри (од бината). Можев да бидам јас, можеше да биде кој и да е друг“, изјавил за телевизијата TVE Хезус Каретеро, кој присуствувал на фестивалот со својот брат.