Легендата уште живее: Во САД во 2021 година биле регистрирани 408 Југо автомобили


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Статистичкиот извештај на Мирет дава увид во податоците за регистрациите на автомобили за третиот квартал од 2021 година во Америка.

Има прецизни бројки по модел, колку примероци од секој се уште се уредно регистрирани на патиштата во САД. Меѓу нив е едно големо изненадување – Југо.

Регистрирани се дури 408 примероци, што на прв поглед е мала, но и голема бројка кога ќе се земе во предвид имиџот на овој автомобил.

Сепак, во последно време е се подобар со оглед на тоа што важи за олдтајмер и возило кое привлекува големо внимание каде и да се појави.

Згора на тоа, многу Американци се обидуваат да укажат на фактот дека тоа не е најлошиот автомобил на сите времиња, иако се уште кружи низ медиумите во негативен контекст.

За споредба, бројот на регистрирани Југо возила е речиси ист како збирот на сите автомобили Рено, Ланчиа и Бугати заедно.

Застава на американскиот пазар извезла вкупно 141.511 примероци на Југо.