Гиговска „му даде корпа“ на Груби, еве кој ќе ја замени


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако од страна на Министерството за политички системи со кое управува Артан Груби од ДУИ беше најавено дека ќе се организира музички фестивал на плоштадот „Скендербег“ по повод 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, при што како една од ѕвездите кои ќе настапат беше најавена и Антониа Гиговска, пејачката се огласи на социјалните мрежи во врска со нејзиниот настап на концертот.

„Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава организира “PEACE FESTIVAL”, како и Школа за млади лидери “Peace Forum Dialogue”. Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот “Скендербег” во Скопје со настап на познати музички звезди, меѓу кои и Антониа Гиговска. Сабота, 13 август 2022, плоштад “Скендербег” Скопје, 21:00ч
Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија“, стоеше во владината објава.

„Антониа Гиговска нема да биде дел од настанот ‘Peace Festival’… Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев/ не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна, јас не сакам да бидам дела од такви манифестации бидејќи политиката не ме интересира… Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене“, стои во пораката со која Гиговска се огласи на социјалните мрежи откако се најде на тапет во лавина од негативни коментари и критики за нејзиното учество.

Нејзиниот настап на фестивалот ќе го замени Владо Јаневски, кој веќе е објавен на официјалните постери за настанот.