Руси масовно бегаат од Крим (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После силните експлозии кои одекнаа во руската воздухопловна база на Крим, на социјалните медиуми се проширија снимки на кои се гледаат огромни колони од автомобили долги околу 100 километри на патиштата од украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година.

Долгите колони со автомобили со руски цивили беа снимени вчера откако големи експлозии одекнаа во руската воена воздухопловна база Саки во западниот дел на Крим.

Како што пишува британски Телеграф, цивилите го напуштаат Крим, плашејќи се за својата безбедност.

Иако официјален Киев молчи за експлозиите во руската воена база на Крим, висок украински функционер, под услов да остане анонимен, изјави дека за жестоките експлозии што во вторникот ја уништија украинската база се одговорни украински специјалци.

-Не сакам да го напуштам Крим. Овде е толку убаво. Се навикнав тука, како да сме дома. Сè беше толку убаво, вели Русинка која со своето семејство побегна од Крим.

Инаку Крим, кој беше припоен од Русија во 2014 година, е популарна туристичка дестинација за Русите, особено во лето, а украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека војната во таа земја „започна со Крим и мора да заврши со неговото ослободување“.

-Оваа руска војна започна со Крим и мора да заврши со Крим, неговото ослободување, рече Зеленски по серијата експлозии што ја потресоа руската воздухопловна база на Крим.

Инаку неколку експлозии во вторникот ја погодија околината на населбата Новофјодоровка на Крим, а Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионска муниција експлодирала на територијата на аеродромот Саки.

Бројот на повредени во експлозиите на аеродромот се искачи на 13, а едно лице загина.