Вторничка временска прогноза


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот августовски вторник во Македонија нојси сончево време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 38 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени. Маврово 36, Охрид 31, Битола 32, Крива Паланка 30, Берово 29, Кавадарци 37, Дојран 38.

Утре и во наредните денови во попладневните часови на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.