Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Русковска


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Управата за финансиска полиција денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО), соопштија од Управата, наведувајќи дека во пријавата биле опфатени сите обвинители за кои се смета дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела.

Со оглед на тоа што постапката за сите пријавени лица од овој момент е тајна, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност на пријавените, тоа е сè што во овој момент можеме да споделиме со јавноста, согласно Законот за кривична постапка, се вели во изјавата на Управата за финансиска полиција.