Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Романот „Лето во кое те нема“, дело на македонскиот писател Петар Андоновски се најде меѓу овогодинешните добитници на наградата „ПЕН преводи“ (PEN Translates awards), што ја доделува англиски ПЕН. Оваа година се наградени книги од 19 држави, при што за првпат се наградуваат македонски автор и дело преведено од македонски.
„Лето во кое те нема“ е опишан како „првиот македонски ЛГБТ роман“. Под наслов „The Summer You Weren’t There“, книгата на англиски ја преведе Кристина Е. Крамер, во издание на „Партијан букс“.
Андоновски е роден во 1987 во Куманово и дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. За романот „Телото во кое треба да се живее“ ја доби наградата Роман на годината на „Утрински весник“ во 2016, а за романот ,,Страв од варвари” Европската награда за литература во 2020.