Galaxy S23 Ultra пристигнува следната година – доаѓа со камера од 200 МР со нов сензор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во периодот од изминатите десет месеци технолошкиот гигант Samsung претстави два сензори за камера од 200 MP, а третиот е на пат и ќе биде дел од смартфонот Galaxy S23 Ultra.

Galaxy S23 Ultra ќе се појави на пазарот следната година, а главната камера ќе има нов сензор од 200 MP, кој ќе се вика ISOCELL HP2 иако веќе има верзија на HP3.

ISOCELL HP1 е првиот сензор од 200 MP, а неговото деби се очекува во паметен телефон на Motorola кој ќе се појави овој месец. Што се однесува до сензорот ISOCELL HP3, тој има побрз автофокус благодарение на новиот дизајн на секој пиксел.

Ова не е прв пат да се појават информации за Galaxy S23 Ultra со нов сензор од 200 MP, бидејќи претходниот извештај го најави неговото пристигнување, додека модулот за перископ од 10 MP 10x останува ист.