Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Четири семејни куќи ноќеска изгореа во пожар предизвикан од удар на гром во Прилеп.
Пожарот се случил на улица Козара околу полноќ. Громот удрил во едната куќа, по што избувнал огнот и се префрлил на околните три, кои се речиси слепени една до друга.
ТППЕ Прилеп веднаш интервенирала со 4 возила и 17 пожарникари и го гаснела огнот до три часот по полноќ, кога бил изгаснат пожарот. Нема повредени лица.
Сопствениците на куќите велат огнот брзо се ширел, ама пожарникарите долго чекале да биде исклучена струјата за да интервенираат. Потенцираат дека останале без ништо и бараат помош.
Во куќите живееле седум лица, од кои едно инвалидно. Градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески изврши првичен увид на местото на пожарот, при што службите најавија изјава во текот на денот.