Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот германски голман Мануел Нојер го изгубил паричникот додека се возел во такси. Но, имал среќа таксистот кој го возел да се погоди чесен и добар човек, па штом го видел паричникот на популарниот фудбалер – веднаш решил да му го врати назад.
Чесниот таксист неколку пати се обидел да го достави паричникот на домашните адреси на Нојер. Но голманот на Баерн не бил таму. Таксисот прво отишол во домот на Нојер каде не го нашол, а потоа отишол на неговиот имот во Тагернце, каде што исто така не успеал да го пронајде Нојер. Потоа решил да стигне до агентот на легендарниот голман.
– Ми ја отвори вратата, јас предадов се и ги оставив податоците за контакт“, изјави таксистот Хазир С., кој својата приказна ја сподели со германски „Билд“.
„Името и адресата на Мануел Нојер беа на неговата лична карта. Внатре имаше Visa Platinium картичка, црна MasterCard и околу 800 евра во кеш“, додал чесниот пронаоѓач кој не извадил „ниту еден евро“ од паричникот, но се надевал дека голманот на Баерн убаво ќе го почести затоа што ако ништо друго го спасил од издавањето на нови документи.
По две недели таксисот добил пакет. Во него се имало дрес со автограм на Мануел Нојер, но немало белешка за благодарност, што особено било непријатно за таксистот Хазира, кој тврди дека потрошил 400 евра на гориво додека го барал голманот.
„Наградата е потсмев! Имам четири деца и што да правам со тој еден дрес?“, рекол незадоволниот „чесн пронаоѓач“ кој во меѓувреме дури и го контактирал Баерн Минхен за да добие отштета, но клубот од Минхен сосема логично , целосно го игнорирал ова барање, исто како и Нојер.Голманот на Барен дури избегнува и прашања на оваа тема.