Home Спорт Роналдо сè поблиску до Атлетико Мадрид – дури и за помалку пари

Роналдо сè поблиску до Атлетико Мадрид – дури и за помалку пари

Се погласни се шпекулациите дека Кристиано Роналдо може кариерата да ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Роналдо инсистира да го напушти Манчестер Јунајтед и се понуди на неколку европски гиганти, но наиде на затворена врата, а сака следната сезона да игра за тим кој настапува во Лигата на шампиони.

Роналдо веќе разговарал со Диего Симеоне кој не ја отфрлил можноста да го донесе во Атетико бидејќи смета дека тимот со него ќе направи скок во квалитет.

Притоа, Португалецот е спремен да намали 30% од својата плата за да потпише со Атлетико и да се врати во Мадрид.

Меѓутоа, постојат два проблеми. Прво Атлетико Мадрид ќе мора да продаде една од ѕвездите во својот тим за да собере средства да го доведе Роналдо. Вториот проблем се однесува на реакцијата на навивачите, бидејќи Португалецот е легенда на градскиот ривал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…