Home Шоубизнис Доктор Сашко Кедев го искачи К2 на Каракорум

Доктор Сашко Кедев го искачи К2 на Каракорум

Македонскиот кардиолог и член на Македонската академија на науки и уметности, Сашко Кедев, како дел од 24-члена експедиција, на 22 јули меѓу 8 и 9 часот по локално време во Пакистан го искачи вториот највисок врв на светот К2 на масивот Каракорум.

Предводени од врвните шерпаси и лидерот Мингма Џи (негово четврто искачување на К2), сите алпинисти успеале во намерата да се искачат на 8.611 метри високиот К2, втор највисок на светот по Монт Еверест (8.848).

К2 претходно го искачи и нашиот врвен Хималаист Здравко Дејановиќ од Скопје.

Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва од 14-те тн. „осумилјадарки“ (над 8.000 метри). Во април годинава го освои Даулагири, седмиот највисок на светот (8.167), а лани Манаслу, висок 8.163 (осми во светот). Во 2009-та се качи на врвот на Монт Еверест.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …