Стравична експлозија на фамозната брана Хувер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Експлозија и пожар ги шокираа посетителите на познатата брана Хувер во Невада, САД.

Инцидентот се случил во вторникот нешто по 10 часот кога посетителите на браната пријавиле дека забележале експлозија и пожар на долниот дел од браната, кај турбините.

На социјалните мрежи се појавија видеа од експлозијата, на кои се гледа како над браната се формира голема печурка од чад.

Браната Хувер е едно од најпознатите градежни дела во Соединетите Држави и е главна туристичка атракција, како и клучен извор на енергија за поголем дел од западот.