Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сопругата на бившиот македонски премиер, Никола Груевски, Боркица Груевска пред Основниот граѓански суд во Скопје поднела барање за развод.
Судскиот оглас е објавен јавно во вчерашниот број на Службен весник, бидејќи Груевски не достапен и нема друг начин да биде информиран тој.
-Пред Основниот граѓански суд во Скопје е поднесена тужбата од тужителката Боркица Груевска од Скопје, против тужениот Никола Груевски од Скопје, со непозната адреса, за развод на брак, со вредност на спорот 20.000 денари, се вели во огласот.
За привремен застапник на Груевски е поставена Габрилеа Јакшевски, адвокат од Скопје.
Боркица му е втора сопруга на поранешниот премиер, со кого се омажи во мај 2007 година и имаат две ќерки. Во 2018 година Груевски избега во Будимпешта откако беше осуден, а веќе има и неколку други пресуди за кривични дела за кои го гонеше Специјалното јавно обвинителство, а сега го гони Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.