Апелација ја зголеми на 4 години казната затвор за Јордан кој ја усмрти на пешачки премин 24-годишната Викторија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Скопска Апелација му ја зголеми казната затвор на возачот Јордан Ѓоргиев, осуден за сообраќајната несреќа во која на пешачки премин кај „Сити мол“ загина 24-годишната Викторија Николова.

Казната е зголемена од 3 на 4 години затвор, по прифатената жалба на Обвинителството.

За возачот Ѓоргиев останува и десетгодишната забрана за управување со моторни возила.

Ѓоргиев од несреќата во јануари досега е во притвор.

Претходно, Кривичниот суд го осуди Ѓоргиев на три години казна затвор, по несреќата во која освен што загина Николова, беше повредено и нејзиното момче Леонид Даов.

Обвинетиот тогаш ја призна вината и судскиот процес против него заврши со едно рочиште.

Ѓоргиев возел со брзина поголема од пропишаната, не ги почитувал сообраќајните прописи и не пропуштил пешаци на обележан пешачки премин, вечерта на 20 јануари, на булеварот „Партизански одреди“.