Ноле го освои Вимблдон: Кирјос му призна на Ѓоковиќ – „Тој е нешто како бог“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ го освои својот седми трофеј на Вимбдлон, откако во финалето беше подобра од Ник Кирјос со 3:1 во сетови.

Кирјос одлично го отвори мечот играше на многу високо ниво и го освои првиот сет со 6:4.

Меѓутоа, Ѓоковиќ после првиот сет го подигна нивото на игра и многу лесно ги освои следните два сета со 6:3 и 6:4, период во кој Кирјос беше многу нервозен и се распрашање со судијата и публиката.

Во четвртиот сет гледавме рамноправна битка која беше решена на тај-брејк со 7:6 за победа на Ѓоковиќ.

„Нема да лажам, тој е нешто како бог“, изјави за Ѓоковиќ поразениот Кирјос.

Ова е 7-ми трофеј за Србинот на Вимбдлон и 21 Грен Слем во кариерата.