Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Васил Брезовски е првиот од тројцата македонски туристи кој беше прв беше спасен откако беа однесени од морските струи крај плажата Мити во Посеиди на отворено море.
Денескаа напладне, спасен е и вториот член на групата, по 18 часа пливање, додека третиот се уште се води како исчезнат и се бара во спасувачка акција на властите.
„Отидовме да пливаме со моите пријатели, на место кое тогаш немаше проблем, ниту високи бранови, ниту многу ветер. Но, за две минути, без да сфатиме, сцената се смени“, опишува тој за iefimerida.gr.
„Го загубивме вниманието на неколку минути, додека бевме и во плиткото. Но, ова беше доволно за времето да се промени и водата да не вовлече длабоко во морето“, се присетува тој.
„Се обидував да останам смирен и да останам на површината на водата. До мене беше мојот друг пријател, третиот воопшто не го видов. Одеднаш и него го изгубив за неколку секунди“, вели тој.
За негова среќа, сурфер му пришол на местото каде што бил. Не можел да му помогне, но му рекол да почека и дека помош наскоро ќе дојде. Сурферот ја известил крајбрежната стража и им ја кажал точната локација на Васил, поради што бил спасен.
Васил моментално останува во болницата Полигирос, додека само што дознал дека е пронајден неговиот втор пријател и е безбеден. „Се надевам и посакувам да се најде другиот“, кажал тој.
Пред да го заврши разговорот со грчкиот медиум, Васил сакал да пренесе порака за нивните спасувачи. „Сакам јавно да им се заблагодарам на моите спасувачи од крајбрежната стража. Тие беа многу професионални. Им го должам мојот живот и наскоро ќе се обидам да ги видам лично, да им се заблагодарам“.
По 18 часа поминати во водите на Егејското Море, 30-годишниот Македонец, Иван беше пронајден жив и спасен од страна на спасувачките екипи на Грција.
Трите момчиња на Халкидики го славеле роденденот токму на спасениот Иван.
Имено, како што и самиот Иван кажал за грчките медиуми, веднаш штом бил повлечен од струите забележал како покрај него се движи воздушна топка која успеал да ја дофати и да се држи за неа цели 18 часа и благодарејќи на неа успеал да остане над водата.
По третото момче се трага со бродови и хеликоптер, но во потрагата вклучени се и локалните рибари, во очекување сме на добри вести и за него.