Ѓоковиќ закажа финале со Кирјос на Вимблдон


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон откако во денешното полуфинале го совлада Британецот Камерон Нори со 3:1 во сетови (2:6, 6:3, 6:2 и 6:4).

Ѓоковиќ имаше слабо влегување во мечот. а Нори тоа го искористи и го освои првиот сет со 6:2. Меѓутоа потоа следуваше будење на српскиот тенисер. Во вториот сет лесно освојуваше поени на свој сервис и констатно го напаѓаше сервисот на Британецот.

На Ѓоковиќ тоа му се исплатеш е во осмиот гем. Направи брејк, а потоа сигурно сервираше за 6:3 и изедначување на 1:1. Доминантно Ѓоковиќ го освои третиот сет. Нори немаше одговор за ваквата игра на Ѓоковиќ и за само 38 минути го освои сетот и поведе со 2:1.

Експресно Ѓоковиќ ја заврши работата и во четвртиот сет. Веднаш направи брејк и лесно ја чуваше предноста за конечни 3:1 во сетови.

Во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Ник Кирјос кој без борба се пласираше во финалето поради повредата на Рафаел Надал.