Препораки од експертите: Еве кои намирници не треба да ги консумирате пред да влезете во вода на пливање


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Експертите предупредуваат дека после оброкот треба да се почека најмалку 30 минути. Еве кои намирници не се препорачливи пред да се разладите во вода.

Лута и зачинета храна

За да го избегнете враќањето на киселината во хранопроводот поради хоризонталната положба на телото во вода, не консумирајте лута и зачинета храна.

Овошни и газирани пијалоци

Зашеќерените напитоци може да предизвикаат напнатост и грчеви во стомакот. Освен тоа, овошните и газирани сокови создаваат притисок во желудникот, па поради оваа нелагодност, пливањето ќе ви биде отежнато. Наместо тоа, пијте обична вода!

Алкохолни пијалоци

Алкохолот делува опојно и ги забавува нашите реакции. Тоа е исклучително опасно кога сте во вода, а особено ако не сте добар пливач или ве фати грч. Алкохолот би требало потполно да го избегнувате кога сте во море или во базен.

Мешунки

Иако се добри за нашето здравје, стручњаците предупредуваат дека мешунките не се најпаметен избор доколку одите на плажа. Грашокот и гравот имаат премногу влакна и може да предизвикаат надуеност и грчеви во стомакот, па и запек. Таквото чувство во стомакот не оди најдобро со забавата во вода.

Енергетски напитоци

Доколку сте помислиле дека енергетскиот пијалак ќе ви даде дополнителна енергија за пливање или водени спортови, сте се излажале. Имено, енергетските пијалаци честопати предизвикуваат дијареа и мачнина, па во комбинација со високите температури предизвикуваат дехидратација на организмот и не треба да ги консумирате пред да влезете во вода.