Овој е самоделскиот пиштол со кој беше застрелан Шинзо Абе – напаѓачот не се ни обиде да избега од местото на злосторот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бившиот премиер на Јапонија Шинзо Абе беше застрелан за време на политичкиот говор кој го држеше на улица околу 11:30 часот по локално време во Нара, источно од Осака.

Истрелани биле два куршума, а Абе имал прострелна рана на десната страна на вратот, соопшти Агенцијата за управување со пожари и катастрофи на Министерството за внатрешни работи и комуникации во Токио. Во болница бил пренесен прво со возило на итна помош, а потоа со медицински хеликоптер.

По инцидентот, полицијата го уапсила Тецуја Јамагами, жител на Нара во неговите 40-ти години. ТВ НХК објави дека мажот не се обидел да побегне и е задржан на распит во полициска станица. Се чини дека користел рачно изработен пиштол.