Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претпладневните часови од денешниот петок во Македонија носат топло и релативно сончево време. Но, во текот на денот, најпрвин во западните делово, попладнето и во ноќните часови, и во останатите делови на Македонија ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2).
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 л/м2), град и силен ветер (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 21 до 31 Целзиусов степен. УВ=6
Во Скопје во попладневните и вечерните часови ќе има врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат обилни и поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени. Маврово 21, Охрид 24, Битола 27, Крива Паланка 26, Берово 25, Кавадарци 30, Дојран 31.
Во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни (10 до 20 л/м2). Температурата ќе биде во опаѓање. Од недела следува стабилно и малку потопло време.