Полицијата го уапси лицето кое пукаше со пиштол, а за кое Мицкоски тврдеше дека требало него да го убие


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од МВР потврдија дека лицето што со пиштол во рака се закануваше и пукаше вечерва додека трае протестот против францускиот предлог е приведено и е спроведено во полициска станица.

За идентитетот на приведениот официјални детали од МВР се најавени за подоцна.

Неофицијално се работи за сопственикот на хотелот Де Кока, функционер во Алијанса на Албанците.

Претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара да се приведе лицето што пукаше бидејќи, како што напиша на Фејсбук, сакал него да го убие.

За вечерва најавена е вонредна прес-конференција на Мицкоски.