Празничен ужас во САД: На парада за 4. Јули во вооружен напад убиени 5 лица и 19 хоспитализирани (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


САД денеска ги потресе нов ужас кога на парада за прослава на Денот на независноста на Америка во предградие на Чикаго се случи вооружен напад, пренесуваат локалните медиуми. Стотици луѓе почнале да бегаат во паника.

Парадата беше прекината по десет минути, кога се слушнаа истрели и настана паника. Според Чикаго Сан Тајмс, неколку луѓе се повредени. Репортерот на весникот тврди дека видел „три крвави тела покриени со ќебиња“ и најмалку пет ранети.

Според странските агенции, има најмалку пет мртви и повеќе од 19 ранети.

Еден од очевидците изјавил дека слушнал околу 20 последователни истрели и поради тоа оценил дека „не можело да биде пиштол или пушка“. Истиот изјавил дека ги видел ранетите, меѓу кои и жена за која тврди дека не преживеала.

На парадата имаше силно полициско обезбедување и неколку противпожарни возила.