Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Три лица беа убиени во вчерашното пукање во трговски центар во Копенхаген, соопшти полицијата, при што уапсила 22-годишен Данец и не ја исклучува можноста за тероризам.
Полицијата во Копенхаген претходно објави дека пристигнала во трговскиот центар Филдс по дојава за пукање. Таа ги советувала оние што се нашле внатре да се скријат и да чекаат помош од полицијата.
Главната болница во Копенхаген, Ригшоспиталитет, примила на лекување „мала група пациенти“, објави нејзиниот портпарол. Тој додаде дека болницата повикала дополнителен персонал, вклучувајќи хирурзи и медицински сестри.
„Има неколку повредени и знаеме дека неколку луѓе загинале“, изјави главниот полициски инспектор Сорен Томасен, додавајќи дека полицијата почнала масовна потера на островот Зеланд за да утврди дали има уште напаѓачи.