СЗО очекува силен летен бран на Ковид-19 во Европа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека во летниот период очекува „високо ниво“ на инфекција со Ковид-19 на европско тло и повика на надзор на вирусот откако бројот на заразени се зголеми трипати за еден месец.

„Откако земјите низ Европа ги укинаа социјалните мерки што беа во сила, вирусот ова лето ќе циркулира на високо ниво “, рече генералниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

„Вирусот нема да исчезне само затоа што државите престанаа да го контролираат. Продолжува да се шири, да се менува и да убива“, нагласи тој.

Предводен од подваријантата омикрон БА.5, коронавирусот се шири во педесетина земји кои припаѓаат на европскиот дел на СЗО, а оваа недела тие се приближија до дневната бројка од 500.000 новозаразени.

На крајот на мај таа бројка беше 150.000, според податоците на СЗО.

По меѓу четири и пет илјади дневни смртни случаи во текот на зимата, бројот на смртни случаи моментално е на ниско ниво од околу 500 дневно, колку што имаше во летото 2020 година.

Речиси сите европски земји имаат пораст на бројот на заразени, а на листата водат Португалија, Луксембург, Франција, Грција, Кипар, Германија и Австрија.

„Се надеваме дека важните кампањи за вакцинација што ги имаат повеќето земји, како и бројот на прележани, ќе значат дека ќе ги избегнеме најтешките последици што ги видовме порано во пандемијата“, заклучи Клуге.