Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од Министерството за одбрана на Украина објавија дека се случила нова размена на заробеници со Русија и дека, како што пишуваат, таа е најголемата од почетокот на руската инвазија. Според Украинците, 144 борци биле ослободени од руско заробеништво.
Од 144 ослободени борци, 95 се бранители на челичарницата Азовстал во Мариупол, а меѓу нив има и 43 припадници на Азовскиот полк, кои Русите го нарекуваат „нацисти“.
Меѓу ослободените борци има 30 маринци, 28 припадници на редовната армија, 17 гранични војници, девет припадници на територијалната одбрана и еден полицаец. Најстариот ослободен борец има 65, а најмладиот 19 години.
Повеќето од ослободените Украинци имаат сериозни повреди – рани од куршуми и шрапнели, изгореници, скршеници и ампутирани екстремитети, соопшти украинското Министерство за одбрана.