Најмалку 18 лица загинаа а 59 се ранети во руски ракетен напад на полн трговски центар во Украина (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Две руски ракети погодија трговски центар полн со луѓе ги однесоа животите на најмалку 18 лица, а ранети беа 59, соопшти гувернерот на украинскиот регион.

Кременчук, индустриски град што беше дом на 217.000 луѓе пред руската инвазија, е на реката Дњепар во регионот на Полтава, а во него е сместена најголемата украинска рафинерија за нафта.

Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на социјалните мрежи објави видео од акцијата за спасување на цивилиte што се одвива во трговскиот центар во Кременчук, кој денеска беше нападнат од руските сили.

„Нашите спасувачки служби моментално работат на расчистување на остатоците од трговскиот центар, кој денеска беше нападнат од Русите со крстаречка ракета. Погледнете што остана од него“, вели Герашенко во видеото.