Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најголемата бактерија на светот е лоцирана во плитките мочуришта на Карибите и може да се види со голо око, бидејќи е со големина и форма на човечка трепка.
Тиомаргарита Магнифика сега е класифицирана како најголемата бактерија во светот. Откриено е дека живее на потонати лисја од Мангрови во распаѓање во близина на Француските антили во Карипското море.
Организмот не е опасен и не може да предизвика болести кај луѓето. Но, неговите димензии се навистина за восхит.
„Овие бактерии се околу 5.000 пати поголеми од повеќето бактерии. И да ги поставиме работите во перспектива, исто е како ние луѓето да сретнеме човек висок како Монт Еверест“, рече Жан-Мари Воланд од националната лабораторија Беркли во соединетите држави.