Рама повторно ги брецна европските лидери за односот кон Македонија: „Поздрав од Источна Македонија“ (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Албанскиот премиер Еди Рама со „поздрав од Источна Македонија“, им се обрати на европските лидери во Брисел, правејќи нова шега на сметка на Бугарија и саркастично критикувајќи го односот на ЕУ кон македонско-бугарскиот проблем.

На бината, каде што лидерите на земјите од Западен Балкан се фотографираат заедно со челниците на Унијата, Еди Рама, пристапувајќи им на специфичен начин, им се обрати на лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

 

Неговата шега доаѓа непосредно по Самитот во Солун, кога тој пред грчкиот премиер Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц ја нарече Македонија, „Западна Бугарија“.