Ковачевски во Брисел го одби францускиот предлог за отстранување на ветото од Бугарија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Францускиот предлог, ваков каков што е, е неприфатлив е за мене, за Претседателот на државата, за Владата, за коалиционите партнери и за граѓаните, доколку ние сакаме да почнеме преговори во јуни. Никој не може без нас да направи ништо“, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Брисел, по самитот ЕУ- Западен Балкан.

Тој потсети дека земјава е скоро 18 години кандидат за членство, а поминаа 21 година од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација и рече дека „ова што се случува е сериозен проблем и сериозен удар врз кредибилитетот на ЕУ“.

„Губиме драгоцено време, кое реално го немаме на располагање. Северна Македонија и Албанија, но и регионот не смееме да дозволиме да тапкаме во место поради една земја членка, која едноставно не успеа да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат“, рече Ковачевски.

Инаку Премиерот Ковачевски пред заминувањето за Брисел порача дека нема да се прифати предлогот ако нема чиста формулација на македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, како и вклучувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот откако ќе почнат преговорите меѓу Македонија и ЕУ. Тоа се клучните елементи, за „францускиот предлог“ да биде прифатлив за македонската страна, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.