Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Финска со децении се подготвува за руски воен напад и би пружила силен отпор доколку тоа се случи, изјави денеска шефот на вооружените сили на земјата генерал Тимо Кивинен.
„Нашата земја има изградено значителен арсенал на оружје, но покрај воената опрема, клучен фактор е тоа што Финците ќе бидат мотивирани да се борат“, изјави генералот Кивинен.
Финска, поранешната неутрална земја, заедно со Шведска на 18 мај аплицираа за приклучување кон воената алијанса на НАТО поради загриженоста дека тоа што се случи со Украина може да и се случи и на неа.
Од Втората светска војна, Хелсинки одржува високо ниво на воена готовност.
„Системски ја развивме нашата воена одбрана за овој тип на војување кој се води во Украина, со масовно користење на оклопни сили и на воздухопловни сили“, рече Кивинен.
Како што оцени, Украина била тешка задача за Русија, а тоа би била и Финска.
Finland is ready to fight Russia if attacked – defence chief https://t.co/m3DHKyQnvt pic.twitter.com/s0EMJAi820
— Reuters (@Reuters) June 22, 2022
Оваа нација од 5,5 милиони луѓе има воена сила од околу 280.000 војници со 870.000 обучени резервисти.
Таа не го укина регрутирањето за мажи како што направија многу други западни нации по крајот на Студената војна.
Финска троши два отсто од својот БДП за одбрана, што е повисоко ниво на трошоци од многу земји од НАТО.
Околу 82 отсто од испитаниците во анкетата на Министерството за одбрана на 18 мај изјавиле дека би биле подготвени да учествуваат во националната одбрана доколку Финска биде нападната.
Кивинен ја поздрави одлуката на Финска да се приклучи на НАТО.
„Членството во НАТО ќе и овозможи на Финска да го зајакне својот капацитет за рано предупредување со тоа што ќе биде дел од заедничката контрола на воздушниот простор на Алијансата“, рече Кивинен.
Тој исто така додаде дека Финска ќе има корист од одвраќањето, во кое нападот врз еден член е напад врз сите нејзини членови.
„Сепак, главната одговорност за одбранатата на Финска ќе продолжи да ја сноси Финска“, рече тој.