Најголемата слатководна риба досега видена со очи: Ража од 300 килограми уловена во Камбоџа (фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ража тешка 300 килограми, која е најголемата слатководна риба досега документирана, е уловена во реката Меконг во Камбоџа, велат научниците за Би-Би-Си. Претходно, рекордниот улов бил 293 килограми тежок меконски џиновски сом уловен во Тајланд во 2005 година.

„За 20 години истражување на џиновските риби во реките и езерата на шест континенти, ова е најголемата слатководна риба што сме ја сретнале или документиравме каде било во светот“, вели Зеб Хоган, биолог кој го води проектот за заштита „Чудата на Меконг“.

Проектот за зачувување соработува со Камбоџанската управа за риболов за да формира мрежа на рибари кои ќе ги известат истражувачите доколку фатат џиновска или загрозена риба.

„Пронаоѓањето и документирањето на оваа риба е извонреден и редок знак на надеж, а упте повеќе затоа што се случи во Меконг, река која моментално се соочува со голем број предизвици“, додава д-р Хоган, кој исто така е професор на Универзитетот во Невада.

Меконг има висока биолошка разновидност, но прекумерниот риболов, браните и загадувањето го загрозуваат нејзиниот кревок екосистем. Реката тече од Тибетската висорамнина низ Кина, Мјанмар, Тајланд, Лаос, Камбоџа и Виетнам.

Ноќта на 13 јуни, локален рибар на островот Кох Преа повикал истражувачи и рекол дека уловил „многу голема“ ража. Се испоставило дека е долга 3,98 метри и широка 2,2 метри.

Откако била опремена со ознака за следење, рибата била пуштена назад во реката.