Реакција на Македонците во Бугарија: И нашиот клуб беше демолиран, но никој не беше казнет тогаш


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Членовите на Здружението ОМО Илинден-Пирин на Македонците во Бугарија реагираа со револт на брзината со која македонските власти го фатија Ламбе Алабаковски за палење на таблата „Ванчо Михајлов“, потсетувајќи дека македонскиот клуб во градот Гоце Делчев два пати бил напаѓан во 2007 и 2008 година, но дека никој не бил казнет, ниту пак бугарските власти го осудиле вандализмот.

Тие раскажуваат како во клубот биле кршени стакла, цртани биле свастики, а бугарската полиција одбила да започне истрага затоа што штетата наводно, не била доволно голема.