Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Над 100 илјади невработени и над 700 илјади кои не се во активен работен процес. Ова се само дел од бројките од третиот сет на податоци на ДЗС, а кои денеска официјално беа објавени по последниот попис.
Според податоците – Вкупно работоспособно население на возраст од 15 години и нагоре изнесува 1.525.366 лица. Притоа од нив над 700 илјади лица се активното население, односно лица кои работат или бараат работа. Од нив над 600 илјади лица се вработени, а нешто повеќе од 100 илјади лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува исто така над 700 илјади.
1.525. .366 работоспособно население над 15 години
717.769 активно работно население
608 520 вработени
109 .249 невработени
768 549 неактивни
Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени или 56.701 лице се со средно образование. Според дејноста, најмногу вработени, или 123.347 лица има во преработувачката индустрија. Од вкупното резидентно население, бројот на издржуваните лица изнесува 450.766 тука влегуваат и лицата со попреченост.
Во сверата на образованието пак голема е и бројката на неписмено население 18 897 неписмени лица. Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23 192 лица или 1.5 % без образование, 62 129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, 423 456 лица или 27.8 % се со основно образование, 672 375 лица или 44.1 % се со средно образование, 263 349 лица или 17.3 % се со високо образование, 29 654 лица или 1.9 % се со магистратура, 6 037 лица или 0,4 % се со докторат, а над 45 илјади лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка.
18. 897 неписмени – 13 380 жени и 5 517 мажи
23 192 без образование
62 129 немаат завршено основно образование
423 456 со завршено основно образование
672 375 со завршено средно образование
263 349 со високо образование
29 654 со магистратура
6.037 со докторат
над 45 илјади со непозната школска подготовка
Директорот на ДЗС Апостол Симовски и денеска во изјава за медиумите посочи дека податоците се реални без разлика дали некому му се допаѓаат или не.
До крајот на летото се очекува уште еден сет на податоци а последниот ќе излезе кон крајот на годината кој ќе се однесува на крит методата односно геограрфските податоци кои се однесуваат на метар квадратен како што се густина на население, карактеристики. Податоци кои се важни за просторното и урбаното планирање.