Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалскиот гигант Милан од денес има нови сопственици, откако американскиот инвестициски фонд плати 1.3 милијарди евра за мнозинскиот пакет акции од „Елиот фонд“.
„Елиот“ сепак ќе задржи мал дел од акциите на „росонерите“ и ќе има свое место во управниот одбор на клубот.
„Навистина ни претставува огромна чест што стануваме дел од големата историја на Милан, возбудени сме од улогата во новото поглавје на клубот во враќањето на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал. Благодарен сум на Гордон Сингер и неговиот тим за одличната работа во претходните години и враќањето на Милан онаму каде што му е местото“, изјави Џери Кардинале, извршниот директор на „Ред Бирд“.
Комплетното преземање на клубот ќе биде комплетирано во септември, меѓутоа новите сопственици веќе започнуваат со работа и се насочуваат кон летниот преоден рок.