Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот човек на турската дипломатија, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Турција и официјално побара Обединетите нации и другите меѓународни организации да го променат името на неговата земја во Туркије.
-Анкара денеска ќе испрати официјално писмо до сите меѓународни актери и очекува промената на името да стане официјална веднаш неделава, изјави Чавушоглу за агенцијата Анадолу.
ОН се подготвени за промената, а Анкара ја поттикнува промената во Туркије од англиската верзија „Turkey“ во поголемиот дел од својата меѓународна кореспонденција, вклучувајќи го и пренесувањето на вестите од надворешната политика, додаде министерот.
Потегот за ребрендирање уследи по декретот издаден во декември од претседателот Реџеп Тајип Ердоган на англиски, француски и германски, и меѓу другите јазици, да се промени името во Туркије (Türkiye), вклучително и при етикетирање на извозните производи.
Името Туркије „на најдобар начин ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација“, се наведува во декретот на Ердоган.
Меѓутоа, останува нејасна точната причина за промена на името на државата и времето во кое се случува. Државната телевизија ТРТ во декември цитираше напис за „непосакуваната“ конотација на името Турција на англиски, наведувајќи дека тоа или се однесува на „големата птица родена во Северна Америка“ или „кога нешто ќе тргне многу на лошо“.