Утре не очекуваат нови, повисоки цени на дел од прехранбените производи и горивото


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На денешната владина седница, Владата не ги продолжи мерките кои беа во насока на држење на цените на основните прехрамбени производи и горивата, со што се очекува нивните цените веќе од утре да поскапат.

Повторно со 5 отсто ДДВ ќе бидат оданочени лебот, белиот шеќер, брашното ТИП 400, маслото од сончоглед, млеко и павлака, месо, бел ориз и свежи јајца.

Истекува и рокот на намалувањата на цените на бензините и другите нафтени деривати кои произлегоа од мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10 отсто за: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.

Се очекува цената на лебот да се зголеми за околу шест денари, а цената на горивата и до 10 денари.