Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новиот филм на Том Круз од франшизата Top Gun, долгоочекуваниот Top Gun: Maverick, заработи 134 милиони долари во првиот викенд во 4732 кина во Северна Америка, а упатените веруваат дека акционата авантура на Paramount и Skydance може да заработи 151 милион долари до денеска.
Variety пишува дека ова е резултат на одличните критики, огромната носталгија и враќањето на Круз во пилотската кабина на авионот со кој изведува бројни акробации како пилотот Пит Маверик Мичел. Top Gun: Maverick е филмот со најголема заработка во 40-годишната кариера на Круз и неговиот прв филм кој надмина 100 милиони долари заработка во првиот викенд од прикажувањето.
Имено, продуцентите ја таргетираа публиката над 40-годишна возраст, демографската група која најмногу се двоуми кога е во прашање враќањето во кината. Позитивниот збор за филмот треба да му помогне на филмот на Круз да допре до помладата публика, оние кои не биле ни родени кога Топ Ган за прв пат беше прикажан пред 36 години.
Дејвид А. Грос, кој ја води филмската консултантска фирма Franchise Entertainment Research, рече дека податоците за интересот на публиката и заработката досега се извонредни. „Оригиналниот материјал е исклучително интересен, актерската изведба е одлична, а Том Круз придонесе сѐ да оди совршено“, рече тој.
И покрај безбројните одложувања на премиерата на продолжението на филмот, кој требаше да се појави во кината за прв пат во летото 2020 година на почетокот на пандемијата на коронавирус, успехот не изостана. Топ Ган: На Маверик му треба кино публика за да го оправда големиот продукциски буџет од 170 милиони долари, кој не ги вклучува десетиците милиони долари потрошени за промоција на филмот ширум светот.
Дел од средствата отидоа за премиерата одржана на Канскиот филмски фестивал.