Признавањето на автокефалноста на МПЦ – ОА поздравено од Руската православна црква – Московска патријаршија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Признавањето на автокефалноста на црквата во Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, порача во неговата изјава заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов.

Тој додаде дека ова ќе биде тема на разговор на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, како и дека за одлуката ќе бидат известени сите помесни православни цркви според каконскиот ред, со повик да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ-ОА.

„Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на Божјата волја. Верувам дека Светиот синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок, рече Балашов за ТАСС.

Канонското единство со СПЦ чекор напред или назад кон автокефалност на МПЦ?
Поддршка претходно стигна и од вселенскиот патријарх Вартоломеј за кого отстранувањето на повеќедецениската шизма е историски момент.

На заедничка литургија вчера во Скопје, поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј ја призна автокефалноста на Македонската православна црква.

Тој во својот говор изјави дека сега на чекор се Синодите на двете цркви да ги завршат правните документи околу орагнизацискиот технички аспект, по што ќе биде изготвен официјалниот акт и сите останати православни помесни цркви по канонскиот ред да бидат известени.