Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот автомобилски гигант „Mercedes-Benz“ за CNN потврди дека го продале најскапиот колекционерски автомобил во светот.
Многу редок модел на купе „Mercedes-Benz SLR“ од 1955 година, које е чуван во колекцијата на овој производител на автомобили, е продаден на приватен сопственик за 135 милиони евра, што е еквивалентно на 142 милиони долари, пренесува американската телевизија.
Со таа цена, овој автомобил стана најскапиот некогаш продаден во светот, според Хагерти, компанија која ги следи вредностите на колекционерските автомобили.
Претходната рекордна продажна цена за еден автомобил беше 70 милиони долари, а беше платена во 2018 година за моделот „Ferrari 250 GTO“ произведен во 1963 година.