Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На 79-годишна возраст почина славниот грчки композитор Вангелис, според многумина „колос на модерната музика“ и автор на славната филмска музика за „Огнени кочии“, „Блејд Ранер“ и други филмски дела.
Вангелис починал доцна во вторникот, а причината за смртта не е наведена.
Вангелис, чие полно име беше Евангелос Одисеас Папатанасиу, е еден од најпознатите и најзначајни грчки и светски композитори на сите времиња.
Тој доби Оскар за возбудливата песна за филмот „Огнени кочии“ од 1981 година, која беше една од најпознатите филмски композиции од 1980-тите.