Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Авионската несреќа на летот China Eastern Airlines MU5735, која се случи во март оваа година, а во која загинаа 132 лица, според тврдењата на експерти за авионски несреќи за ABC News била предизвикана намерно.
Патничкиот авион Boeing 737-800 леташе од Кунминг за Гуангжу на 21 март, кога се урна во планинско подрачје во Кина. Загинаа сите 123 патници и 9 членови на екипажот.
Авионот удри во земја со толкава сила што направи дупка длабока 20 метри, соопштија кинеските истражувачи. Исто така го анализирале животот на едниот од пилотите и веруваат дека тој можеби се борел со одредени проблеми непосредно пред несреќата, пренесе ABC News.
OMG
MU5735 Please reply!!!
Please reply!!!
😭😭😭 pic.twitter.com/oBE89PH87F— Timi.Chen (@TTabaoshab) March 21, 2022
Американскиот национален одбор за безбедност во сообраќајот соопшти дека сите информации за истрагата ќе дојдат од нивните колеги од Управата за цивилно воздухопловство на Кина, а регулаторите и Boeing не забележале ни воочиле некакви механички проблеми.
Извори велат дека и кинеските истражители, исто така, не забележале никакви механички проблеми со авионот.